среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдена дрога во Охрид при преглед на две различни патнички возила

Пронајдена дрога во Охрид при преглед на две различни патнички возила

На 18.08.2020 во 02.45 часот на ул.„Абас Емин“ во Охрид, при преглед во патничко возило „цитроен берлинго“, сопственост на А.Џ.(48) од Охрид, полициски службеници пронајдоа и одзедоа три ќеси со марихуана.

Дополнително, во близина на неговиот дом на истата улица, информираа денеска од МВР, се пронајдени шише со течност и марихуана. А.Џ. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Наредниот ден, на 17.08.2020 во 17.20 часот, на бул.„Железничка“ во Охрид,  повторно при преглед на патничко возило, овој пат „ренџ ровер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.П.(22) од Скопје, полициски службеници пронајдоа и одзедоа ќесе со марихуана.

Возачот и сопатникот М.Р.(19) од Охрид се приведени во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.