сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО+ВИДЕО: Ретривер тежок 73 килограми бил оставен на успивање, но тогаш ветеринарот направил нешто неверојатно

ФОТО+ВИДЕО: Ретривер тежок 73 килограми бил оставен на успивање, но тогаш ветеринарот направил нешто неверојатно

Буцкастиот ретривер изгледа преслатко, но вишокот килограми му го попречувале здравјето и сопствениците сакале да го успијат, но ветеринарот му нашол нови сопственици, го пратиле кучето на слабеење и сега тој живее втор живот.

Можеби ова е првпат да видите златен ретривер со толку вишок килограми, а секако, тоа не е добро за здравјето на кучињата.

Каи е од оние кучиња кои обожаваат да јадат, но тоа го довело до 73kg што е 45kg повеќе од потребното. Вишокот килограми му пречел на движењето и сите нормални, секојдневни активности како трчање и играње.


Тој самиот не можел да се качи на горниот спрат од куќата и често бил помаган од сопствениците за секакви активности.

Неговите сопственици сакале да го успијат бидејќи мислеле дека нема уште долго да издржи мачејќи се, но за среќа ветеринарот не го прифатил нивното барање и го однел во засолниште од каде набрзо Каи бил посвоен од жена која му го спасила животот.

Новата сопственичка го однела на програма за слабеење, која вклучува пешачење во бања со ладна вода, што многу му помогнало да изгуби голем дел од вишокот килограми.



Иако не бил лесен процес, сепак Каи успеал да се врати во форма и да си го врати доброто здравје, па сега функционира како сите останати кучиња, со сите потребни активности во денот.





Сопственичката вели дека сега Каи обожава вода, а дури сака да јаде и здрава храна како зеленчук и овошје. Сега тежи 30kg и е здрав и активен.