вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома продолжува со лудите фудбалски твитови: Еве каков производ им нуди за 9 месеци на сите „идни“ татковци (ФОТО)

Рома продолжува со лудите  фудбалски твитови: Еве каков производ им нуди за 9 месеци на сите „идни“ татковци (ФОТО)

Тимот на Рома направи фудбалско чудо и со победата од 3-0 над Барселона обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Овој триумф на калчолигашот е специфичен и посебен, бидејќи истиот е остварен по пораз на „Камп Ноу“ од 4-1, па за овој пресврт уште долго ќе се зборува во Рим и во Италија. „Волчицата“ по последниот судиски свиреж со луд твит го одбележа големото славје, а во тој стил беше испратена уште една интересна порака.

Имено Рома очекува бејби-бум, односно по 9 месеци да има голема побарувачка на нивните производи благодарејќи на специјалната ноќ во ЛШ.