петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Денешната изјава на Рамос за Меси го воодушеви сите

Денешната изјава на Рамос за Меси го воодушеви сите

Лионел Меси ги изненади сите минатата недела кога испрати писмо до челниците на Барселона и побара прекинување на соработката.

Аргентинецот е незадоволен од случувањата во клубот во претходните сезони и не е тајна дека има лоши односи со челниците на клубот. По срамот во Лигата на шампионите, тој одлучи дека повеќе не сака да биде дел од Барселона.

Меси целата своја кариера досега ја помина во дресот на Барселона со кој повеќепати освојуваше се што можеше. Тој е заштитен знак на овој клуб и поради тоа беше шок за сите што побараат да го напуштат клубот.

Фудбалерите на Барса започнаа со подготовки за новата сезона, но Меси не се појавува на тренинг. Тој сака да биде раскинат договорот, додека клубот има намера да го пушти само доколку некој плати 700 милиони евра за него, односно ја активира клаузулата за откуп.

Заминувањето на Меси би бил удар и за Ла Лига и затоа сите се надеваат дека тој ќе остане. Дури и капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос зборуваше на оваа тема, велејќи дека заминувањето на Меси ќе биде голема загуба за сите во Шпанија.

“Меси го заслужи тоа право да одлучи за својата иднина. Тој го прави Ел Класико поубаво и неговото заминување ќе биде голема загуба за сите во Шпанија. Меси е тој што ја прави Ла Лига подобра”, рече Рамос.