недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини

Зголемен интензитет на сообраќајот се забележува по патишатта надвор од градските средини, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, соопштија од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Регионалниот пат Гостивар-с.Чегране е затворен поради градежни работи во с. Чајле, а сообраќајот е пренасочен по алтернативни патишта. (МИА)

Најнови вести