четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос слави 15 години на „Бернабеу“

Рамос слави 15 години на „Бернабеу“

Денес се навршуваат точно 15 години откако Серхио Рамос пристигна во Реал Мадрид, а подоцна се претвори во еден од симболите на големиот клуб.

Дефанзивецот беше официјално претставен на 8 септември 2005 година, откако беше привлечен од Севиља и многу брзо покажа дека ова е еден од најсилните трансфери на клубот во неговата историја.

Тој дебитираше само 2 дена подоцна против Селта и пред почетокот на неговата 16-та сезона во тимот, тој веќе има 650 настапи за Кралевите, 4-ти на клупската ранг-листа по Раул – 741, Икер Касиљас – 725 и Мануел Санчис – 710.

Рамос досега постигна 97 погодоци за Реал, а некои од неговите голови се легендарни откако постигна гол во финалето на Лигата на шампионите во 2014 и 2016 година. Покрај тоа, минатата сезона беше најдобра за него, откако реализираше 12 пати.

За овие 15 години, дефанзивецот освои 22 трофеи со Реал, вклучувајќи 5 национални титули и 4 триумфи во Лигата на шампионите.

Сепак, тој сигурно нема намера да застане тука. (МИА)