недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома сака да му се одмазди на Ливерпул

Рома сака да му се одмазди на Ливерпул

Денешната ждрепка за полуфиналето на Лигата на Шампионите даде одлична можност за Рома да се реваншира на Ливерпул за поразот во финалето на КЕШ во 1984 година, изјави спортскиот директор на „волците“ –  Рамон Родригез Вердехо, или популарно Мончи.

Рома загуби со 2:4 на пенали на „Олимпико“ во финалето на КЕШ во 1984 година и ја загуби најдобрата шанса да освои европски трофеј.

Ливерпул е домаќин на првиот натпревар.

– Пред нас е совршена можност да се реваншираме за поразот од Ливерпул во 1984-та. Се среќаваме со многу силен тим, кој го елиминира Манчестер Сити, но ние треба да мислиме само за нашето претставување и како да ја повториме играта која покажавме против Барселона, прокоментира Мончи пред италијанските медиуми, веднаш по ждребот.

МИА