петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сообраќајот умерен по суви коловози

Сообраќајот умерен по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец Кичево – Охрид кај село Врбјани, на ден во вторник поради работи на пат (минирање) во период помеѓу 12 и 15 часот, сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (МИА)

Најнови вести