петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски и Заев против Уставот, ќе проверуваат гости по домовите

Спасовски и Заев против Уставот, ќе проверуваат гости по домовите

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по умот на министерот за здарвство, Венко Филипче противуставно ќе контролираат во домовите на граѓаните дали ќе се групираат повеќе од четворица луѓе.

Откако пред два дена Филипче ја предложи една од новите рестриктивни мерки според која групирањето по домовите ќе било ограничено на 4 лица, во јавноста имаше безброј реакции кои сеуште не стивнуваат за ваквата потенцијална мерка.

Освен реакциите од страна на граѓаните министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека дополнително ќе се разговара за ваквата мерка.

Ако се потсетиме на периодот за времетраење на техничката влада, револтот од страна на Филипче и Заев тогаш не изостануваше кон тогашниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, па тие тогаш инсистираа на казнување за семејните собири, иако Чулев велеше дека без одлука на обвинителството и судот такво нешто не е можно, тој тогаш беше на мета на обвинувања. Но сега во ситуација на енормен зголем број на заболовувања од коронавирусот, Заев, Спасовски и Филипче се спремаат изгледа на граѓаните да им вршат и контроли во домовите.

Како ќе се контролира спроведувањето на мерката за забрана за групирање во домовите, кога неповредливоста на домот е уставно загарантирано и без судска одлука истото полицијата не може да го спроведува, освен во случаи кога има постапување по кривична пријава.

Во членот 26 од Уставот на Република Македонија се вели дека се гарантира неповредливоста на домот. Како уставна категорија ова право може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување на кривични дела или заштита на здравјето на граѓаните.

По ова без налог од страна на судот полицијата нема надлежност да врши претрес или да упаѓа во домовите на граѓаните затоа што Уставот гарантира неповредливост на домот. Па Спасовски и Заев треба сериозно да размислат дали повторно ќе го прекршуваат Уставот во безизлезност во справување со коронакризата, кога очигледно состојбата не е под контрола одамна, а се почести се посочувањата кон министерот за здравство од кој се бара да си даде оставка од функцијата.

Најнови вести