петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Бразил 10.220, во Индија 63.509 новозаболени од коронавирус

Во Бразил 10.220, во Индија 63.509 новозаболени од коронавирус

Во Бразил вчера се регистрирани 10.220 новозаболени од коронавирус и 309 починати лица, соопшти бразилското Министерството за здравство.

Вкупниот број на заболени, како што пренесува Ројтерс, е 5.113.628 заболени. Починати се 150.998 лица.

Во Индија, пак, во последните 24 часа заразени се 63.509 лица. Од последниот пресек починале уште 730 пациенти како последница од коронавирусот.

Над 7,2 милиони луѓе е вкупниот број на заболени во Индија, а починати се 110.586 лица. Индија надмина 7 милиони заболени минатата недела, а за само 13 дена бројот на заболени порасна за еден милион.

Индија, после САД, е земја со најголем број на заболени лица.