понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски ги заборави полицајците

Спасовски ги заборави полицајците

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги заборави полицајците.

Иако им ветуваше на полицајците повисоки стандарди, современа опрема и нови униформи сепак во време на корона вирус и пред прагот на зимата Синдикатот на полицијата се жали дека се уште немаат заштитна опрема и униформи.

Во соопштение, Синдикатот на полицијата на Македонија бара од министерството за внатрешни работи решавање на нивните проблеми со униформите, со неисправните службени возила и немањето на опрема на младите полицајци. Се жалат дека неколку илјади полицајци на прагот на зимата и понатаму ќе мрзнат со популарната јакна тешка ни повеќе ни помалку „300 грама“.

-Ги „украсивте“ полициските станици, а полициските службеници се возат во неисправни возила, униформата се уште ја нема комплет, зимата кај и да е доаѓа, а младите колеги, бројка и до неколку илјади и понатаму ќе мрзнат со популарната јакна тешка ни повеќе ни помалку од „300 грама“. До кога полициските службеници ќе ги извршуваат службени задачи прошарани со униформа „кој од каде ќе се снајде“ и до кога ќе се радуваме на донации господа од Министерството, се наведува во соопштението.

Од Синдикатот на полицијата велат дека правдата е на нивна страна и дека нивната цел не е само да седнат во удобни фотељи туку и да се изборат за подобри услови за работа. Според нив од надлежните во МВР зависи дали паролата „Задоволна полиција – безбедни граѓани“ ќе се постигне или не.

Најнови вести