Минативе години велевте ќе кратите од непродуктивни трошоци, велевте дека ќе има развојни буџети. И да имавте големи буџети, ама за непродуктивни трошоци. Македонската јавност беше замајувана со розеви проеккции за еконосмки раст, а ММФ цело време ви укажуваше дека ви се нереални проценките за растот. И да паднаа силни економиии во ова време на корона, но кај нас тука ништо не се презема за да се реши ситуацијата, рече Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ на расправата за ребалансот на Буџетот која стартуваше денес на матичната Комисија за финансирање и буџет.
Пратеничката забележа и на тоа што Владата никако не најде сила да ги среди областите здравство и образовабие кои се најпогодени од корона кризата.
-Скратени се средства за здравство и образование. Најпогодено е здравството и покрај маратонските пресови на министерот за здравство Венко Филипче не видовме ништо за опоравување на здравството и истото соодветно да се справува со КОВИД-19, рече Пешевска.
Според неа здравството дефинитивно не е приоритет на оваа влада.
-Медицинскиот и здарвствениот персонал кои се на првата линија во борба со короната останаа незаштитени и покрај многуте донации. Тие се оставени и на почетокот на кризата и сега сами да се снаоѓаат и сами да си снабдуваат лична заштитна опрема, кажа Пешевска.
Пратеничката Пешевска укажа дека има голео намалување кај средствата како за реновирање на здравствените иснтитуции, така и за реновирање на училишта.