сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Испустениот и ограбен музеј на Есма сведочи за односот на државата кон тоа во што треба да се крстиме“

„Испустениот и ограбен музеј на Есма сведочи за односот на државата кон тоа во што треба да се крстиме“

Се ужаснувам од тоталната негрижа на власта спрема еден национален уметник кој со сета своја почит имотот и го довери на својата држава, реагира Жаклина Пешевска.

„Испустениот и ограбен музеј на нашата легендарна Есма е само една сликичка во мозаикот кој сведочи за односот на државата спрема она во што треба да се крстиме.

Жално е да се гледа тагата во очите на Симеон Атанасов – штитеникот на Есма, како и сомнежот дека можеби сè е ограбено и однесено. Симеон сака само да си го исполни аманетот спрема луѓето кои го одгледале и му го трасирале животниот пат.

Но, иако Министерството за култура е тестаментален наследник, државата веќе четири години не води никаква грижа и дозволува куќата на Теодосиевски да се распаѓа пред очите на јавноста.

Македонскиот народ живее со песна и знае да почитува. Нашата национална уметничка Есма заслужува сечија почит и достоинствен спомен. Затоа апелираме МВР да се заинтересира за случајот и на семејството да му ги даде одговорите кои ги заслужува: каде е урната на Стево и каде е вредниот мебел кој исчезнал од домот на Теодосиевски“ – напиша таа.

Се ужаснувам од тоталната негрижа на власта спрема еден национален уметник кој со сета своја почит имотот и го довери на…

Gepostet von Жаклина Пешевска am Samstag, 17. Oktober 2020

 

Најнови вести