сабота, 23. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: Казнети 528 возачи во Скопје

МВР: Казнети 528 возачи во Скопје
Фотоилустрација

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 528 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 56 лица, 56 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 санкционирани мотоциклисти, 85 санкции за некористење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење. Изречени се 84 мерки за непрописно паркирање и 83 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Најнови вести