вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска апелира: Хронично болните и бремените жени да се ослободат од работа

Пешевска апелира: Хронично болните и бремените жени да се ослободат од работа

Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека од ден за ден бројот на заболени и починати од Ковид-19 се зголемува, болниците се преполни и од ден за ден се пренаменуваат нови болнички капацитети.

-Македонија руши црни рекорди. Од ден за ден бројот на заболени и починати од Ковид-19 се зголемува, болниците се преполни и од ден за ден се пренаменуваат нови болнички капацитети. Денес имаме 1085 заболени. Очигледно е дека нешто ни недостасува во борбата против невидливиот непријател.
Јавно апелирам и барам:
1️⃣ Ако ни велат дека најголем дел од починатите од Ковид-19 се со хронични болести, тогаш потребно е ВЕДНАШ, хронично болните да се ослободат од работа;
2️⃣Бремените жени да се ослободат од работа.
Апелирам да се работи на превенција и заштита од заболување од вирусот!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Македонија руши црни рекорди. Од ден за ден бројот на заболени и починати од Ковид-19 се зголемува, болниците се…

Posted by Жаклина Пешевска on Saturday, October 31, 2020

Најнови вести