петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Корона вирусот се шири во училиштата, а Царовска и Филипче никако да направат скрининг на наставниците

Корона вирусот се шири во училиштата, а Царовска и Филипче никако да направат скрининг на наставниците

Драматично расте бројот на ново инцифирани наставници и ученици во македонски училишта од корона вирус. Откако вчера епидемиологот Ристе Јовановски од Институтот за јавно здравје Кавадарци потврди дека меѓу потврдените позитивни случаи на КОВИД-19, е и наставничка, а 24 ученици се во изолација се вклучи алармот.

Додека медиумите секојдневно пренесуваат за нов случај на позитивни наставници и ученици во изолација, а загриженоста на родителите расте, за министерката за образование и наука Мила Царовска тоа е незначително, убедувајќи дека бројот на ново заболени во уличиштата не достигнува ниту еден процент, односно како што изјави само 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на КОВИД-19, нагласувајќи дека тоа е само 0,05 проценти од учениците или 0,06 проценти од наставници.

-На почетокот на оваа недела известуваме колкав е процентот од вкупниот број на ученици и ќе видите дека 0,05 проценти е заразеноста кај учениците и 0,06 проценти кај наставниците. Што знчи дека не надминува ниту еден процент, немаме ширење на КОВИД 19 во училиштата. Се додека не се создадат услови за затворање ние би останале на овој модел, вели Царовска пред само 3 дена.

Според Царовска наставата може да продолжи онлајн во места каде што има потврдено позитивен наставник на корона вирусот или ученици се во само изолација. Но, логично е да се постави прашањето дали сите ученици имаат услови за овој нов начин на настава бидејќи неспорен е фактот дека околу 40.000 деца немаат услови за онлајн настава, а во одредени училишта пак воопшто не е започната наставата бидејќи учениците немаат услови.

Револтот на родителите дополнително расте, бидејќи како што велат причината за ваквата состојба е несериозноста од страна на власта и министерката Царовска за справување за ширење на корона вирусот во училиштата, која и покрај тоа што учебната година започна со еден месец закаснување, и покрај тоа што мал број на основни училишта ширум државата наставата ја почнаа со физичко присуство, не изврши скрининг на наставниците и учениците.

-Загрижени сме поради несериозноста и негрижата на министерката Царовска. Ваквиот неодговорен пристап кон образовниот процес резултира со појавување на секојдневно ново заболени наставници и деца во изолација. Образованието е задолжително инаку размислуваме нашите деца да не ги пуштаме во училиште, од друга страна пак, државата не обезбеди соодветни услови за учење, онлајн наставата не е решение со кои треба да се фалат, бидејќи на ваков начин не се создаваат кадри кои понатаму би биле успешни и конкурентни, вели една загрижена мајка.

Поради рапидно зголемениот број на позитивни наставници во училиштата и опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара бесплатно тестирање за наставниците, се со цел да се обезбеди безбеден образовен процес. Имено, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејбук профил обвини дека васта не с епотруди да го организира и прилагоди соодветно воспитниот и образовниот систем за тој да функционира во услови на КОВИД пандемија, пишувајќи дека се почесто се одбиваат вести дека цела група во градинка или цело одделение мора да оди во изолација поради позитивен тест на КОВИД-19, како и дека поради таа причина предлага бесплатни тетсотив еднаш месечно за сите негувателки и наставници.

-За жал, власта не се потруди да го организира и прилагоди соодветно воспитниот и образовниот систем за тој да функционира во услови на #Covid. Се почесто добиваме вест дека цела група во градинка или цело одделение мора да оди во изолација поради позитивен тест на Covid-19. Од таа причина, предлагам бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата.
Безбедни градинки и училишта за безбедно образование, каде без застој, во континуитет ќе се одвива воспитниот и образовниот процес на децата, напиша Мицкоски.

Најнови вести