Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 313 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 35, 27 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 91 мерка за непрописно паркирани возила и 54 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот информира МВР.