недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Пи-арот кој го тера Филипче е на штета на здравствените работници, треба да се иницира интерпелација за оставка на министерот за здравство

Николов: Пи-арот кој го тера Филипче е на штета на здравствените работници, треба да се иницира интерпелација за оставка на министерот за здравство

Во денешното издание на „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, доктор Игор Николов истакна дека пи-арот што го тера министерот за здравство е на штета на здравствените работници и апелираше опозицијата во собранието да иницира интерпелација на Венко Филипче, кој како што вели после ваква изјава „ги живееме последните денови од пандемијата“ треба да си даде оставка.

-Ние немавме брзи тестови ги добивме пред еден ден, но имаме ние персонал јас како доктор треба да и кажам на медицинската сестра да боцне суспектен пациент, а во министерство за здравство има 6,7 пиарџии коишто работат на кревање на пи-арот на министерот, но не работат за доброто на здравствените работници затоа што тие влегуваат во ризик, па згора на се се исмеваат со она што се случува, вели доктор Николов.

Николов вели дека министерот Филипче на 15 мај оваа година истакна дека „Македонија ги живее последните недели на епидемијата“ и смета дека после ваква изјава или министерот треба да го промени тимот за пи-ар или Комисијата за заразни болести или самиот да си даде оставка.

Доктор Николов апелираше кон опозициските пратеници во македонското собрание, да иницираат интерпелација на министерот за здравство Венко Филипче.

Најнови вести