среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Доктор Николов: 16-те мини инфективни одделенија кои ги најави Филипче во август ги нема

Доктор Николов: 16-те мини инфективни одделенија кои ги најави Филипче во август ги нема

И пред изборите и после изборите се продолжи со ветувања кон граѓаните за справување со состојбата со КОВИД-19, како изјавата од 7 август годинава во која власта велеше дека се подготвени и ќе се отварат 16 мини инфективни одделенија, каде се тие 16 мини инфективни одделенија сега? – праша доктор Игор Николов вечерва на Алфа телевизија.

Тој вели дека сега власта носи ад-хок одлуки за пренаменување на одредени згради и други одделенија или спратови кои се пренаменети како КОВИД центри, а ги нема ветените мини инфективни одделенија.

Каде се брзите тестови коишто требаше да стигнат до сега, персоналот е изложен на голем ризик , ние сме земја во која што од 6,000 доктори имаме потвдени 1, 380 заразени здравствени работници, вели доктор Николов.

Најнови вести