сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Белгија регистрира нови рекордни 345 смртни случаи од Ковид-19 за 24 часа

Белгија регистрира нови рекордни 345 смртни случаи од Ковид-19 за 24 часа

Иако полека се намалува бројот на новозаразени од Ковид-19 во Белгија, во последните 24 часа се регистрирани нови рекордни 354 починати во земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Последниот пик на смртни случаи е на шести ноември со 208 починати, но не е исклучено и денешната бројка од 345 да биде надмината, предупредуваат здравствените власти и информираат дека болничките капацитети се блиску до својот краен лимит.

Утешително е што бројот на новозаразени и на нови хоспитализирани, вклучително и на интензивна нега, константно се намалува, и иако расте бројот на смртни случаи, тој расте побавно од досега.

Според властите бројот на новозаразени се преполовува секои осум дена, надежта е дека бројката ќе се спушти под илјада за еден месец.

Портпаролот на кризниот штаб смета дека “полека излегуваме од катастрофалното сценарио“, но дека треба да се остане внимателен.