Само на неспособна влада како на Заев и Спасовски може да им избега човек на убиство на мали деца. Тоа не е ништо повеќе туку игра каде на сред Скопје си играат мачка и глушец. По милионити пат покажаа колку се неспособни, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Оливер Спасовски или свесно дозволил еден од обвинетите за убиството кај Смилковско, Агим Исмаиловиќ да избега од судница, или е целосно неспособен да организира безбедно судење. Оливер Спасовски да каже дали е во договор со Исмаиловиќ со што ќе се потврди поврзаноста на Спасовски со криминалните структури, или да признае дека е неспособен, со што ќе се констатира неговата неспособност. И во едниот и во другиот случај Спасовски треба да понесе одговорност, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
По вакво нешто Спасовски треба веднаш да си поднесе оставка.