Српскиот епископ Давид е заразен со коронавирус и е хоспитализиран, објави РТС. Тој вчера го служеше погребното опело и литургијата на погребот на патријархот Иринеј.
Како што потврди РТС, епископот Давид бил тестиран по погребот на патријархот и наодот бил позитивен.Тој нема пневмонија, но поради симптоми на кашлица бил сместен во болница.