вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоска: Нашиот здравствен систем е реално колабриран

Нелоска: Нашиот здравствен систем е реално колабриран

Нашиот здравствен систем е реално колабриран, само уште не сме свесни за тоа дека е колабриран здравствениот систем, нагласи Ленче Нелоска про своеото гостување во „Заспиј ако можеш“.

Нелоска додаде дека денес немаме никаква проодност во здравстевниот систем ниту за КОВИД пациентите, а за другите пациенти да не се ни говори.

„Здравствените работници се помалку ги има. Оние кои што работат во КОВИД центрите се преморени затоа што во континуитет работат од пролетта до сега. Значи летниот период кога во сите земји имаше некакво стишување на состојбата, кај нас имавме бројки на зеболени над 100 секој ден. Нашите здравствени работници кои што работат во тие Инфективни одделенија или КОВИД болници беа континуирано ангажирани. А, сега веќе месец дена се ссочуваме со 1000 и над 1000 секојдневно. Значи реално психофизички се прегорени здравствените работници“, појасни Нелоска.

Нелоска посочи дека сите здравствените работници од други области сега се фрлени во оган, без никаква подготовка. Сега Македонија реално се освестува дека има недостиг на голем број на здравствени работници.

„Сите овие месеци имаме катастрофално лош менаџмент и последицата е ова што ни се случува сега во моментов. Било кој менаџер треба да види со што располага, кои му се ресурсите, објекти, луѓе со што се располага. А, мерките кои што се применуваат треба да бидат адекватни на тие ресурси кои што ги поседува за да можат да дадат добар одговор. Ние континуирано имаме само гаснење на пожари во последен момент наместо да се има проактивна стратегија и навреме да се реагира“, рече Нелоска.

Нелоска додаде дека апсолутно за жал нема стратегија туку само реакции инцидентни кои што се случуваат поради притисок на опозицијата, социјалните мрежи и граѓаните.

Најнови вести