Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на општина Илинден изречени се вкупно 103 мерки, меѓу кои 18 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.