четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Десетици илјади луѓе евакуирани во Индија поради циклон

Десетици илјади луѓе евакуирани во Индија поради циклон

Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови во низинските области на јужна Индија и заминаа во засолништа за евакуација за да го избегнат циклонот Нивар кој се движи кон крајбрежјето и се очекува да донесе обилни дождови.

Циклонот прво ќе го погоди крајбрежјето во близина на Мамалапурама и Караикал во државата Тамил Наду, соопшти Метеоролошката служба на тој индиски регион.

Се претпоставува дека невремето и брзината на ветерот до 120 километри на час и со налети на ветер до 145 километри на час, може да ги оштетат посевите, дрвјата, куќите и електричните столбови.

Владата очекува голема штета и сите летови и возови се откажани како мерка за претпазливост. (МИА)