Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 13 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 65 санкции за непрописно паркирани возила, 49 возила се подигнати од „пајак“ службата и 21 санкција за ненозесење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираат МВР.