четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: За СДСМ парламентарната демократија важи само кога тие се во опозиција

Пешевска: За СДСМ парламентарната демократија важи само кога тие се во опозиција

За СДСМ парламентарната демократија важи само кога тие се во опозиција. Ги слушам и читам како ронат крокодилски солзи за тоа дека опозицијата наводно го блокирала Собранието на Република Македонија, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

Епа почитувани колеги од СДСМ, еве ја вистината:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со амандмани го блокираа изменувањето на деловникот за работа на Собранието кој го предложивте без консензус и спротивно на Уставот на РМ. Со оваа неуставна измена на деловникот, СДСМ сака да си воспостави механизам со цел да може да манипулира со присуството на пратениците од така нареченото мнозинството, но ние народните избраници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата тоа нема да им го дозволиме. И за потсетување на граѓаните но и на колегите од СДСМ во мандатот од 2008 до 2011 година, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ а СДСМ опозиција за тогашните измени на деловникот СДСМ поднесе илјадници амандмани и не само за деловникот туку и целосно го блокираше Собранието што го принуди ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција со над 60 пратеници во своја пратеничка група да мора да оди на предвремени парламентарни избори.

И крајно, Собранието на РМ е нефункционално бидејќи парламентарното мнозинство нема капацитет да создаде услови за парламентарна демократија. Излезот од ова е во формирањето на експертска влада со партиципација на сите парламентарни партии и организирање на предвремени парламентарни избори следната година заедно со локалните избори, пишува Пешевска.

Најнови вести