четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец од Скопје, украденото вратено на сопственикот

Приведен крадец од Скопје, украденото вратено на сопственикот

На 04.12.2020 во СВР Скопје бил приведен во полициска станица В.А.(38) од Скопје, поради сомнение дека истиот ден извршил кривично дело „тешка кражба“ од патничко возило на ул.„Христо Татарчев“.

По преземени мерки и активности и извршен разговор, В.А. го појаснил стореното кривично дело и кај него се пронајдени украдените предмети, по што се вратени на сопственикот.

По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ од патничко возило, предвидено и казниво по член 236 од Кривичниот законик.