вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Казнети 243 возачи во Скопје

Казнети 243 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 21 санкциja, 16 мерки за нерегистрирани возила, 9 санкции за користење на мобилен телефон, 60 мерки за непрописно паркирани возила, 45 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Најнови вести