вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ првите 100 дена ги одбележа со катастрофални загуби во образованието

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ првите 100 дена ги одбележа со катастрофални загуби во образованието

„100-те дена на Владата на СДСМ во образованието се карактеризираат со следните ЗАГУБИ:
1. Учебната година започна 1 месец подоцна.
2. Почетокот на учебната година се одложи поради креирање национална платформа за далечинско учење која никогаш не профункционира.
3. Интернетот и во овој момент е слаб и не ја поддржува целосно наставата од далечина.
4. Огромен број ученици, особено оние од ранливите категории останаа без технолошки средства за далечинско учење.
5. Над 10.000 ученици следат опционална настава, односно настава на телевизија и со печатени материјали и притоа за нивниот напредок не е можна реална контрола на постигнувањата.
6. Наставниците се под постојан притисок.
7. Не се изведоа соодветни обуки за настава на далечина за наставниците.
8. Се предвиде и се бараше физичко оценување, кое комплетно пропадна и проценката на знаења се врши онлајн.
9. Се инсистираше на обврзни оценувања во момент кога ниту учениците, ниту наставниците имаа реална можност истите да ги спроведат.
10. Условите во кои работат дел од наставниците се супстандардни, студени училници, слаб интернет, лични лаптопи.
11. Наставниците кои работат од дома трошат личен интернет и поради потребата и на нивните деца, трошиците од ,,големата плата” дупло и повеќе им се зголемени.
12. Се прекршуваат мерките за претпазливост и борба против КОВИД-19, со тоа што не се пријавуваат и вешто се прикриваат заразени наставници и ученици.
13. Се одржуваат наставнички совети со физичко присуство.
14. Снимањето на наставата е под притисок и временски задоцнето. Изборот на наставници кои ќе снимаат не е транспарентен и арбитрарен од страна на директорите.
15. Најголем дел од учениците со попреченост останаа без стручна помош, само на грбот на родителите.
16. Учебници нема, особено за средно стручните училишта.
17. Математичката гимназија, инаку проект на ВМРО-ДПМНЕ, ја импровизираа.
18. Обврските и одговорноста на МОН со објаснување ,,децентрализација” вешто се префрлија на општините и училиштата.
19. Во период на епидемија одреден број директори назначени од градоначалниците на СДСМ, наместо да набават ИТ технологија, реновираа огради, менуваа плочки, менуваа неоштетени фасади.
20. Одвивањето на наставата од далечина секојдневно ја контролираат директори на СДСМ, кои праќаат фингирани извештаи дека сѐ е во ред.
21. Се направија ургентни, само неопходни промени на Законите за средно и основно, без сериозна анализа на истите и на Законот за високо образование и без корекција на значајни нелогичности и пропусти.
22. Поддршката на науката се сведе на тренирање коњи и магариња и слични проекти, без средства за вистински научни проекти.“

Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ

Најнови вести