сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 179 санкционирани возачи во Карпош

МВР: 179 санкционирани возачи во Карпош

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на Карпош изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои 23 за возење без возачка дозвола, 18 санкции за нерегистрирани возила, 11 санкции за користење мобилен телефон, 8 мерки за управување под дејство на алкохол, 7 за технички неисправни возила, 11 мерки за недавање на првенство на минување на пешаци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Најнови вести