вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Пандемијата само ја разоткри нефункционалноста на институциите, имаме хаос во секоја област

Пешевска: Пандемијата само ја разоткри нефункционалноста на институциите, имаме хаос во секоја област

За жал, во овие 100 дена старо-нова Влада немаме ниту нешто ново, ниту нешто подобро за граѓаните на Република Македонија. Тргнувајќи од економската состојба, која што и претходно беше најавувана економската рецесија, сега со новата Влада во овие 100 дена веќе дефинитивно сме во економска рецесија.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Со неа зборувавме на повеќе теми. Таа оценува дека во сите области владее нефункционалност.

-За справувањето со пандемијата излишни се зборови и да не зборуваме за тоа, јасна е ситуацијата. Образованието е клекнато на колена, тотален хаос, без функционална  национална платформа. За жал, 40.000 ученици не ја следат наставата бидејќи немаат можност. Помина првото полугодие и уште гледаме дека нема решение за нив, што според мене, не е мала бројка. Оставени се останатите да се снаоѓаат како знаат и умеат и родителите и наставниците. Во која област и да тргнеме имаме нефункционалност. Пандемијата само ја разоткри нефункционалноста на институциите, истакна таа.

Пешевска говореше и за проблемите во земјоделството.

-Земјоделците се секој ден на улица, лозарите не го обраа своето грозје, својот род, тутунарите не го продаваат тутунот. И на национално ниво, како што видовме се здоби со уште едно вето нашата држава. Ништо ново и ништо подобро во нашата држава не можеме да се пофалиме во овие 100 дена на Влада, што имаат сработено бидејќи навистина е хаос во секоја област, истакна Пешевска.

За договорот со Бугарија и ветото кое го добивме од нив, Пешевска вели дека уште во 2017-та година ВМРО-ДПМНЕ барало формирање на заеднички национален став, но тоа од власта било одбиено. Затоа, оценува таа, веќе се доведовме до уништени преговарачки позиции на државата и поместени црвени линии.

-Имаме цврсти ставови од страната на Бугарија, за разлика од меките ставови на нашите дипломати. Плус тоа има реферирање и отчетност кај бугарските политичари, а кај нас вицепремиерот и министерот за надворешни работи не се појавуваат во Собранието каде што треба со должна почит да ни реферира за што точно се преговара, истакна таа.

Целото интервју на КУРИР со неа можете да го погледнете во видеото во продолжение:

Најнови вести