недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 213 санкционирани возачи во Скопје

МВР: 213 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон, исто толку санкции за некористење на сигурносен појас и 11 за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 74 мерки за непрописно паркирање, а со „пајак“ се подигнати 41 возило. За неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Најнови вести