недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Соседите вакцинираат против корона, а кај нас ни трага ни глас од вакцини

Николов: Соседите вакцинираат против корона, а кај нас ни трага ни глас од вакцини

Наместо да гледаат што и каде да се направи, правеа нелогични чекори и така се појави посебно во вториот бран луѓе да треба да се тестираат, а нема термини, и тие си одеа на работа со ниска температура ќе земат парацетамол и одеа на работа. Сето тоа е така поради погрешниот алгоритам на министерството за здравство и министерот, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на радио Лидер.

Во контекст на вакцината, докторот рече дека планирањето на вакцините треба да го прави стручно тело.

-Ни велеа има вакцини па ќе преговараат, а јавноста не знае ништо. Потоа разбравме дека до производителите пратиле само писмо дека сме заинтерсирани и рекле во ред е. Но, сериозна земја преговара уште на почеток. Не знам зошто се чекаше КОВАКС механизмот. Во Буџетот ние не гледаме дел за набавка на вакцини, значи ќе треба ребаланс. Значи мора добро планирање, а не вака како кај нас, рече Николов.

Најнови вести