петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Се прави обид за манипулација, едно лице ќе може да подигне список на матични броеви на повеќе луѓе

Пешевска: Се прави обид за манипулација, едно лице ќе може да подигне список на матични броеви на повеќе луѓе

Жаклина Пешевска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната комисија за Европски прашања во Собранието на Република Македонија каде дискутиураа за законот за попис со европско знаменце кажа дека со општи фрази се оставаат нејаснотии и може да се случи едно лице да си извади список со матични броеви од повеќе лица да си ги исчита.

Пешевска истакна дека бараат во членот на законот зборовите зборовите „ на кого најмноигу му се познати “ да се замени со зборовите „кој е член на семејството согласно закон за семејството“.

-Бараме зборовите “на кого најмногу му се познати“ да се замени со зборовите „кој е член на семејството согласно закон за семејството“ бидејќи ваква каква што е оваа фраза мене ми изгледа релативно, на кого најмногу му се познати е релативна работа, можам да кажам најмногу ми се познати а всушност да не ми се ако така ми одговара. Со ваква општа фраза се отвара простор за манипулација според мене мислам дека ќе има вадење на список и читање на матични броеви, и вие немате можност да утврдите реално и навристина коклу му се познати и начин да се утврди, нагласи Пешевска.

Пешевска додаде дека има премногу нејаснотии и голема можност за манипулација.

-Со релативизирање на работава и со вака широко објаснување се отвара простор за манипулацијаза да може да се случи едно лице да си извади список со матични броеви од повеќе лица да си ги исчита за кои што ќе треба да достават и релевантни документи лична карта пасош и тн, со цела да се заштитете и вие и ние како држава и како народ го предлагаме ова за да се допрецизира по дефиниција за закон за семејство, истакна Пешевска

Најнови вести