Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 89 мерки, од кои 5 за нерегистрирани возила, 6 за возење без возачка дозвола, 2 за минување на затворен семафор (црвено светло), 8 санкции за користење на мобилен телефон, 5 за возење под дејство на алкохол. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.