понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

МВР: 181 санкциониран возач во Скопје

МВР: 181 санкциониран возач во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, од кои 36 за управување со брзина поголема од дозволената, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 13 за користење на мобилен телефон и пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.