петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

ШОКАНТНА ВЕСТ – Лука Циндриќ го заврши СП 2021

ШОКАНТНА ВЕСТ – Лука Циндриќ го заврши СП 2021

Ракометната селекција на Хрватска доби шокантна информација пред вториот натпревар на Светското првенство (СП), затоа што остана без услугите на Лука Циндриќ.

Некогашниот плејмејкер на Вардар се пожали на повреда по натпреварот со Јапонија, а лекарските прегледи го покажаа најлошото. Средниот бек доживеа повреда на мускулот и за него настапот на Мундијалот е завршен.

Хрватска веќе ја направи измената за следните натпревари и наместо Циндриќ во записникот влегува Јанко Кевиќ.

Хрватска киксна во првото коло и одигра реми со Јапонија, па на следните две средби ќе оди на победи.