понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп: Подобро ќе беше 5:0 или 5:1, но и вака е добро

Клоп: Подобро ќе беше 5:0 или 5:1, но и вака е добро

Германскиот стручњак кој го предводи Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од високата победа (5:2) над Рома во првиот меч од полуфиналето во ЛШ.

Сепак, Клоп потенцира дека неговите избраници требале да одиграат посконцентрирано во последните десет минути.

– Одигравме перфектни 80 минути. Ќе беше подобро да остане 5:0 или 5:1, ама и вака е добро. Не е добро што примивме два гола пред крајот на натпреварот, како и тоа што посериозно се повреди Окслејд Чембрлен. На реваншот нема да одиме со намера да се браниме, туку ќе играме како да немаме предност, изјави Клоп.

Реваншот на „Олимпико“ во Рим е следната среда (2 мај).