понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачи на Рома уапсени поради обид за убиство (ФОТО)

Навивачи на Рома уапсени поради обид за убиство (ФОТО)

Полицијата на Ливерпул започна истрага за судирот меѓу навивачите на Ливерпул и Рома пред натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Двајца навивачи на Рома се уапсени синоќа во Ливерпул поради обид за убиство на еден од навивачите на „Црвените”.

Десетина минути пред почетокот на полуфиналниот натпревар дојде до судир меѓу навивачките групи,  53-годишен навивач на Ливерпул доживеа тешка повреди на главата, а лекарите се борат за неговиот живот.

Полицијата веднаш ги идентификуваше навивачите на Рома кои се уапсени и осомничени за обид за убиство.

Инаку, Ливерпул и Рома приредија фантастична фудбалска вечер во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. „Црвените“ на „Енфилд“ победија со 5-2 иако во завршните 10 минути влегоа со плус пет.