Српскиот фудбалер Душко Тошиќ вчера го прослави својот 36 роденден во кругот на најблиските.
Иако сите се сомневаа дека на неговиот роденден нема да биде присутна Јелена Карлеуша бидејќи долго време не се појавуваат заедно во јавноста сепак тоа не се случи.
Пејачката беше цело време до Душко насмеана и среќна, пишуваат српските медиуми.
Парот заедно ја пееше и роденденската песна и цело време се смешкаа еден на друг.
Според медиумите, ова е само уште еден доказ дека нивниот брак ја поминал кризата, но фановите не се согласуваат и велат дека сето ова е режирано сценарио.