сабота, 23. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 65 санкционирани возачи во Сарај

МВР: 65 санкционирани возачи во Сарај

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на Сарај изречени се вкупно 65 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 7 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 9 санкции за користење мобилен телефон. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.

Најнови вести