вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гутереш ја поздрави одлуката на САД за враќање во Парискиот климатски договор

Гутереш ја поздрави одлуката на САД за враќање во Парискиот климатски договор

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја поздрави одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да ги врати САД во Парискиот климатски договор, јави ДПА.

„Од минатогодишниот самит за климата, државите што произведуваат половина од загадувањето во светот се обврзаа на јаглеродна неутралност“, наведе Гутереш.

„Со денешното ангажирање на претседателот Бајден, тоа се вкупно две третини“, додаде тој. Одлуката на Бајден ја поздравија и од ЕУ.

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша 15 претседателски укази и две наредби до федералните агенции.

Според Си-Ен-Ен, кои се повикуваат на официјален претставник на новата американска администрација, меѓу потпишаните укази се и оние со кои се поништува наредбата на Трамп за забрана за влез на граѓани на земји со мнозинско муслиманско население и декрет за запирање на изградбата на ѕидот по границата со Мексико

Бајден исто така потпиша указ за задолжително носење заштитни маски на федералните имоти, за гарантирање расна еднаквост и враќање на САД во Парискиот договор за климатски промени.