вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ди Франческо оптимист за реваншот со Ливерпул

Ди Франческо оптимист за реваншот со Ливерпул

Еузебио ди Франческо верува дека Рома може да ја анулира негативата од „Енфилд“ и слично како против Барселона да оствари убедлива победа на реваншот во Рим.

Тренерот на „римската волчица“ бара и неговите фудбалери да бидат оптимисти.

– Во Рим очекувам сосема различен натпревар од овој на „Енфилд“. Верувам во успех и убеден сум дека сме способни да ја надополниме негативата. Се надевам дека со помошта на нашите навивачи ќе му направиме на противникот многу проблеми. Не ни требаат чуда, туку враќање на самодовербата. Полуфиналето не е готово и сигурен сум во тоа. Кој не верува дека е така нека остане дома, изјави тренерот Ди Франческо по поразот од Ливерпул со 5:2.

МИА