вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Граничната инспекција на Србија врати 17,8 тони сусам од Индија – ова е причината!

Граничната инспекција на Србија врати 17,8 тони сусам од Индија – ова е причината!

Граничната фитосанитарна инспекција на Србија врати пратка од 17,8 тони сусам од Индија, поради присуството на етилен оксид во количина поголема од дозволеното, соопшти денеска Министерството за земјоделство за Танјуг.

За предметната пратка донесена е одлука за забрана за увоз и во тек е постапката за враќање на сусамот на добавувачот.

Српското Министерство за земјоделство истакнува дека Граничната фитосанитарна инспекција, при официјалните контроли, ги контролира остатоците од пестициди, металите и другите загадувачи во храната, како и во добиточната храна.

Тие истакнуваат дека, меѓу другото, сусамот и сусамските производи со потекло од Индија редовно се проверуваат за присуство на етилен оксид.

Хрватската агенција Хина јави дека Хрватска и другите европски со месеци се преплавени со контаминиран сусам увезен од Индија, кој го содржи канцерогениот пестицид етилен оксид, поради што голем број производи од сусам се повлечени од хрватскиот пазар. (МИА)