среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Возете внимателно: Сообраќајот по влажни коловози, можна појава на одрони- еве каде вее снег во моментов

Возете внимателно: Сообраќајот по влажни коловози, можна појава на одрони- еве каде вее снег во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, информираат од ЈП Македонија пат.

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, во Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Штип, Павлешници, Кочани, Смојмирово, Демир Капија и на планинските премини Стража, Ѓавато и Буково.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат, како што информираат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Најнови вести