четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Намалениот интензитет на сообраќај го намали бројот на жртвите во сообраќајот, а Спасовски се фали дека тој е заслужен за тоа

Намалениот интензитет на сообраќај го намали бројот на жртвите во сообраќајот, а Спасовски се фали дека тој е заслужен за тоа

Оливер Спасовски пред некој ден, а сега и неговиот портпарол Тони Ангеловски им ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните со тоа што упорно тврдат и се фалат дека 2020 година помина како година со најмалку жртви и прекршоци поради редовните сообраќајни контроли кои тие ги правеле.

-2020 заврши со најмалку жртви историски гледано, имаме 115 жртви, а во изминатите години имавме над 170, 180 жртви. Со вакви резултати можеме да сме мотиварни и затоа соработуваме со Републичкиот совет за безбедноист во сообраќајот. Продолжуваме во континуитет со контроли во сообраќајот и во иднина , истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто на МТВ, а со ваквиот податок се пофали и на Фејсбук.

Истото започна да го повторува и портпаролот на МВР, Тони Ангеловски кој вели дека како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во изторијата на државата.

-Во ноември 2020 година споредено со ноември 2019 година имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме со декември 2020 година со декември 2019 година имаме намалување од 21 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата, рече Ангеловски.

Но, доколку се спореди овој пад со падот приходите на патарините што е на некој начин директно поврзан со интензитетот на сообраќај, одговорот е јасен на што се должи падот на бројот на жртвите. Патарини 2019 – 44,3 милиони, жртви во сообраќај 2019 – 132

Патарини 2020 – 33.8 милиони, жртви во сообраќај 2020 – 115

Може да се забележи дека нема намалување на жртвите ниту за една четвртина како што има пад во приходите на патарините.

Најнови вести