петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Два дена бил починат во станот, но никој не го пронашол: Почина победникот на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, го нарекуваа и кралот

Два дена бил починат во станот, но никој не го пронашол: Почина победникот на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, го нарекуваа и кралот

Победникот на првата сезона на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ Станоје Становиќ попознат како Кале Дијамант, почина ноќеска на 54 годишна возраст.

Пејачот бил пронајден во својот стан во Германија, а како пренесуваат од семејството најверојатно починал како последица од срцев удар.

Последните денови од својот живот тој ги помина во Дизелдорф и никој не ни осетил дека чувствува некаква мачнина или пак здравствени проблеми.

Тој два дена не се јавувал на телефонот, по што семејството го обила неговиот стан и само констатирала смрт, пренесуваат српските медиуми.

-Почина нашиот и ваш крал на народната музика. Ќе останеш засекогаш во нашите срца, за нас си се уште жив. Најдобра татко, најдобар дедо, најголема наша ѕвезда, почивај во мир. Те сакаат твоите ќерки, сопруга и внуци, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести