понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус ја скроти „римската волчица“ (ВИДЕО)

Јувентус ја скроти „римската волчица“ (ВИДЕО)

Во дербито на 21.коло во италијанската Серија А Јувентус ја совлада Рома со 2-0. До водство италијанскиот фудбалски шампион стигна во 13. минута преку Кристиано Роналдо.

Во вториот дел ситуацијата се промени и повеќе се играше пред голот на домаќините, меѓутоа „волчицата“ не создаваше премногу сериозни ситуации.

Јувентус и без удар кон голот ја зголеми предност кога при нафрлување на Кулушевски во петерецот сопствената мрежа ја погоди Ибанез,

До крајот резултатот не се промени , па бодовите останаа во Торино.

Со оваа победа Јувентус дојде на третата позиција со 42 бода, два повеќе од Рома од која има и натпревар помалку.

Интер е лидер со 47 бода но „нероаѕурите“ исто така имаа натпревар повеќе од „старата дама“. Милан е втор со бод помалку од Интер. Милан ќе се врати на врвот ако победи против Кротоне.