понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус сака да го врати Погба

Јувентус сака да го врати Погба

Шампионот на Италија, Јувентус сака на позајмица да го врати францускиот интернационалец Пол Погба од Манчестер Јунајтед во следниот трансфер рок.

Погба во летото 2016 година премина на Олд Трафорт за тогашни рекордни 105 милиони евра, но поради наводни несогласувања со менаџерот Жозе Мурињо може повторно да го облече црно-белиот дрес.

Јунајтед според преговорите дал цена од 160 милиони евра за трансфер, но Јувентус би сакал прво Погба да го доведе на позајмица.

Интерес за Погба покажа и Пари Сен Жермен, но претходно ќе мора да провери како стои во поглед на правилата за финански фер-плеј на УЕФА.

Погба кариерата ја почна во Јунајтед, но одлично се покажа во Јунајтед и за четири сезони стана еден од најдобрите играчи за врска во светот.